Македонија беше на прагот на победа против Велс, Миовски даде гол во 91. минута за водство од 1-0, но за жал во последните секунди примивме погодок и одигравме нерешено.
Малку фалеше Миовски да биде херој на мечот.
„Примивме гол во последните десет секунди од средбата, тоа може и мора да нѐ мотивира како селекција. Болно е и жално да се прими гол во моментите пред крајот. Играме против репрезентација од која најголем дел од фудбалерите играат во Премиер лига, поради што бевме трпеливи, бевме поставени одлично и си ја чекавме шансата. Се боревме, таа шанса ни дојде во вистински момент, ама кога помисливме дека сѐ е готово, играчи како оние во Велс веднаш ќе те казнат“, изјави Миовски.
Следниот предизвик за Македонија е натпреварот против Белгија, кој ќе се одигра на 6 јуни во Скопје.