342
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски влезе во елемент и стигна до нов гол во дресот на Ренџерс, овојпат европски.
Штипјанецот даде вистински мајсторски гол со „ножички“ на гостувањето кај Ференцварош во првиот дел. Миовски одлично ја проследи акцијата на неговиот тим и по одбиена топка атрактивно се сврте преку себе и реализира за 0-1.