431
Заврши шпанската авантура на Бојан Миовски во Шпанија, Македонецот се враќа таму каде што му е најдобро, во Шкотска, овојпат ќе игра за еден од двата гиганти.
Последните информации велат дека Ренџерс и Жирона постигнале договор за трансфер на Миовски.
Ренџерс за Миовски ќе плати 2,8 милиони евра веднаш и дополнителни пет милиони во бонуси. Вкупниот трансфер ќе изнесува 7,8 милиони евра.
Миовски денеска е во Париз каде ќе ги комплетира медицинските прегледи и ќе го потпише договорот со Ренџерс.
Македонецот со голем успех настапуваше за Абердин во Шкотска, тој е многу познат во оваа земја, па на него е да го повтори она што го правеше претходно.