Mиовски дебитираше против Селтик, Фергусон го гледаше од трибините (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го имаше своето деби за Ренџерс и тоа веднаш во најголемото дерби вошкотскиот фудбал, натпреварот со Селтик, кој заврши без победник (0-0).

Миовски вчера и официјално ја комплетираше позајмицата од Жирона, а стратегот на Ренџерс, Расел Мартин реши веднаш да му укаже доверба и го испрати на терен од самиот почеток. Миовски одигра до 72. минута, кога беше заменет од Десерс.

Самото дерби, познатото „Олд Фирм“, не донесе големо возбудување. Шансите беа ретки, а поблиску до победа беа фудбалерите на Ренџерс, на кои им беше поништен погодок во првиот дел поради офсајд на Сутар.

Македонскиот напаѓач имаше прилика и да игра пред легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон кој беше на трибините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×