Минути по прогласувањето на Меси за најдобар, реакција од Португалија (ФОТО)

by
1 минути читање

Португалската
фудбалска федерација не трошеше време за веднаш да испрати порака до Лионел
Меси кој го доби признанието за најдобар фудбалер за 2019. година во изборот за
наградата „Д Бест“ на синоќешната гала вечер во Милано.

Ѕвездата на
Јувентус и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо кој претходно го
освои тоа признание во 2016. односно 2017. година, заврши на третото место во
изборот зад Меси и Вирџил Ван Дајк, меѓутоа од куќата на фудбалот во
Португалија брзо се одзваа со објава на социјалните мрежи упатувајќи максимална
поддршка до својот фудбалер, објавувајќи фотографија со него со коментарот „НАЈДОБРИОТ ДОСЕГА“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×