Минус три бода за Киево и парична казна од 200.000 евра

by
0 минути читање

Киево правел трговија со Чезена за нереални суми на одредени фудбалери, многу повисоки од вистинските за да покаже лажен профит од 25 милиони евра.

Обвинителството бараше казна од -15 бода за Киево. Фудбалската федерација на Италија одлучи дека клубот од Верона е виновен, но му одзема само три бода од контото, па тие можат да бидат задоволни.

Дополнително Киево ќе плати и парична глоба од 200.000 евра.

Претседателот на клубот, Лука Кампадели е казнет со тримесечна суспензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×