Ливерпул со убедлива
победа од 0-3 се врати од гостувањето кај Стоук синоќа во рамките на 14 коло во
Премиерлигата.
Сепак, се чини дека се’ можеше да биде поинаку уште во првото полувреме.
Маме Диуф во 39. минута изби
сам пред голот на Ливерпул, а гостинскиот голман не бираше средства како да го
запре Сенегалецот па направи груб прекршок над него.
Иако домаќините очекуваа
директен црвен картон за овој прекршок, Мињоле доби само жолт картон, а на
сцена настапија големи реакции од домашниот табор, пред се’ од трибините.
Оваа ситуација се случи при
водство од 0-1 за Ливерпул, со тој резултат се замина на паузата, а во второто
полувреме тимот на Јирген Клоп со два додатни гола извлече три бода од ова
гостување.
Се чини во голема мера влијаеше одлуката на главниот арбитар на мечот Мартин Еткинсон, кој очигледно му прогледа низ прсти на белгискиот голман.