Министерката за
Здравство на Италија, Сандра Зампа потврдува дека доволно е само еден позитивен
случај на Ковид-19 да се појави, за се’ да биде сопрено според протоколот во Серија А, сево ова доаѓа откако
продолжувањето на сезоната во Италија е на повидок, но, под строги критериуми
кои ќе мора да бидат запазени.
„Да нема никакви
дилеми, во случај да има еден позитивен тест на Ковид-19 во некој клуб, се’ запира, карантинот станува задолжителен
по автоматизам, а целата сезона се стопира, доколку вие не сопрете, вирусот ќе
ве сопре како и да е, да се сака фудбалот, значи да се грижиме за луѓето кои ја
работат таа дејност“ изјави Зампа за „Радио Кис Кис Наполи“, а таа не крие која
е најголемата причина зошто се разгледуваат сите можни опции за сезоната да
продолжи.
„Единствената
причина поради која ние дискутираме за продолжување на сезоната во првенството
е најмногу поради економскиот импакт“ додаде таа.
Се верува дека
второлигашите во Италија тешко дека би ја продолжиле сезоната, од причина што
клубовите не се финансиски толку моќни како оние во елитното друштво за целосно
да го следат наведениот прокотол.
„Одлуката тука ја
носи министерот за Спорт, Винченцо Спадафора, од тоа што јас го знам, тој има
предвидено уште една седмица за добро да ја анлизира оваа ситуација, меѓутоа,
не само за Серија Б, туку исто и за останатите тимски спортови“ заклучи
министерката.