Минималец за Манчестер Сити против Брајтон и место во финалето од ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Можеби е за
неверување, но е реалност, Манчестер Сити денеска ја запиша 13-тата победа во
низа во сите конкуренции, откако со минимална победа славеше над Брајтон во
полуфиналето од ФА Купот, со што обезбеди место во финалето од тоа
натпреварување.

Единствениот гол
на мечот кој се одигра на Вембли во Лондон го постигна Жесус уште во четвртата
минута, а уште во тој период беше поставен конечниот исход на мечот каде
Граѓаните имаа апсолутна доминација на теренот.

Во финалната
пресметка, Манчестер Сити ќе ги одмер
и силите со подобриот од утрешниот дуел
помеѓу Ватфорд и Вулверхемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×