Работнички славеше минимална победа од 1-0 против Арсими на арената „Тодор Проески“ во последниот натпревар од 22. коло во ПМФЛ и со тоа беше спуштена завесата на вториот круг од шампионатот.
Во првото полувреме немаше многу возбудувања, а поопасни беа гостите кои неколкупати се заканија од дистанца. Фабрис Ондоа беше сигурен на голот на „романтичарите“ и ги одбрани ударите на Бешагиќ, Гафури и Рамадани, а најголемата шанса ја имаше Сикиру Олатунбосун, но камерунскиот чувар на мрежата повторно беше на висина на задачата.
Одлуката падна во вториот дел. Во 66. минута Мартин Талаков продре од десната страна и ја остави топката за Никола Манојлов кој рутински ја испрати во мрежата за водство од 1-0. До крајот Арсими се обиде да стигне до израмнување и во финишот имаше неколку опасни обиди, но Ондоа повторно беше сигурен и ја сочува победата на својот тим.
Со овој триумф Работнички стигна до 16 бода и останува на претпоследната позиција, додека Арсими има 26 и се наоѓа на осмото место.