Клуб Бриж слави победа над клуб од Англија по пауза од 30 години, домаќините стигнаа до триумф од 1-0 откако Мингс направи еден од најбизарните пенали во историјата на Лигата на шампиони.
Астон Вила падна на 5-то место на табелата откако по три победи, вечерва доживеа пораз на гостувањето кај Клуб Бриж.
Домаќините славеа победа над клуб од Англија по пауза од 30 години благодарејќи на еден аматерски потег на Мингс.
На стартот од второто полувреме, Астон Вила требаше да изведе гол-аут, голманот Мартинез ја додаде топката а Мингс ја зема во раце и ја намести на петерецот за да ја изведе.
Судијата сметаше дека играта почнала кога Мартинез играл со топката, па досуди најстрога казна, која Ванакен ја претвори во триумф од 1-0.
На вториот натпревар од 18:45 часот, Шахтар славеше со 2-1 над Јанг Бојс.
Гостите поведоа преку Имери во 27. минута, но Зубков за кратко изедначи на 1-1, а пред крајот на првото полувреме, Судаков реализираше за 2-1.