Минатиот меч јајца, а сега цело прасе!

by riste
1 минути читање

Норвешкиот фудбалски клуб, Брујн повторно е хит на социјалните мрежи поради наградите кои ги доделува за играч на натпреварот.

Пред извесно време клубот стана хит откако на играчот на мечот му подари четири табли јајца. Тоа беше дуелот против Бодо/Глимт.

Сега против Вархауда, на играчот на мечот му дадоа цело прасе од 23 килограми.

Ова е клуб во кој кариерата ја започна и Ерлинг Халанд.

Инаку ваквите награди не ги даваат случајно, еден од нивните спонзори е компанија која меѓудругото се занимава со сточарство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани