Минатата сезона имаше 15, но сега австриски клуб се надмина со бројот на спонзори на дресот!

by 24 фудбал
1 минути читање

ТСВ Хартберг повторно ја освои интернет публиката, овојпат со дрес кој делува како билборд. Австрискиот прволигаш успеа да смести дури 23 различни спонзори на новата гарнитура дресови.

Клубот и минатата сезона беше мета на коментари и шеги поради тоа што на дресот имаше 15 спонзори, но сега ја надмина таа бројка и направи вистински маркетинг спектакл.

Од горе до долу, дресот на Хартберг е пополнет со логоа, а тоа е сцена која ретко се гледа, особено во професионалниот фудбал каде многу екипи се борат и за еден главен спонзор.

Хартберг со ова повторно се најде во фокусот на јавноста и покажа дека креативноста во фудбалскиот маркетинг нема граници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×