248
Борац Бања Лука го приреди најнепријатното изненадување на евро-сцената, бидејќи загубија од аматерскиот тим Санта Колома од Андора и тоа како – со 1-4.
Босанците кои минатата сезона играа дури во осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА и таму испаднаа од Рапид Виена, сега претрпеа огромен пораз. Андорците среде Бања Лука им отчитаа лекција на фудбалерите на Борац и со головите на Мурело, Кистеро, Виргил и Леон, а за домашните погоди Кулашин.
Се испостави вистинска среќа за македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски што остана на клупата за резервни фудбалери.
Борац следниот четврток ќе се обиде да избегне елиминација, ама тоа нема да биде лесно при ваков резултат во Андора.