Минамино денеска на медицински прегледи, Јапонецот ќе дебитира против големиот ривал на Ливерпул

by
1 минути читање

На Островот
известуваат дека Такуми Минамино денеска ќе биде подложен на медицински
прегледи во пресрет на официјализацијата на неговиот трансфер од Салцбург во
Ливерпул за 7.25 милиони фунти, онолку колку што изнесува откупната клаузула во
неговиот договор со австрискиот клуб.

Доколку сите
формалности бидат завршени според нормалниот тек, Минамино официјално ќе стане
член на европскиот првак на 1. јануари идната година, а би можел да дебитира за
„Редсите“ во дуелот против нивниот градски ривал, Евертон, и тоа на 5. јануари
во третата рунда од ФА Купот.

Јапонецот
импресионираше во дресот на Салцбург во Лигата на шампионите, а за австрискиот
клуб во петте досегашни минати години запиша 136 настапи, а постигна и 42
погодоци.

За својот
национален тим на 22 настапи постигна 11 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×