Милнер „извади“ бастун за прославата на голот и објасни што се крие зад ваквиот потег (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвените“ попладнево со 0-2
триумфираа против Кардиф и се вратија на чело на табелата. Вајналдум го отвори
резултатот, а на десет минути пред крајот, дилемите ги реши Џејмс Милнер.

Англичанецот ја
зеде топката од Мо Салах и прецизно биеше од белата точка. Џејмс Милнер потоа
имаше интересна прослава, глумеше дека има болки во грбот и дека му треба бастун
за да оди.

Фудбалерот, чиј
Твитер профил го носи името „Здодевниот Милнер“, објасни зошто се решил
на еден ваков чекор и потегот бил порака до Вирџил ван Дајк.

„Вирџил често ме задева дека сум старрец, па прославата беше наменета за него“
кратко порача Милнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×