Ливерпул го доби
дербито на првото коло во новата сезона од Лигата на шампионите, откако пред
своја публика синоќа во еден мошне возбудлив меч славеше со 3-2 над ПСЖ, кој
иако имаше негатива од 0-2, подоцна се врати, но, гостите не издржаа до крајот.
Искусниот Џејмс
Милнер имаше тешка задача на теренот, мошне успешно им се спротистави на
ѕвездите на францускиот првак, а токму 32 годишниот фудбалер биеше предизно во
ударот од белата точка во 36. минута за 2-0 на Енфилд.
Во текот на
средбата Милнер имаше и еден фантастичен старт над Нејмар, а Бразилецот беше во
немоќ во овој дуел, Англичанецот без прекршок му ја одзеде топката на
Бразилецот, а по овој потег и го истрола фудбалерот на ПСЖ на социјалните
мрежи.
„Добра публика за
необичната трка на раменици од вчера“ напиша Милнер.
data-lang="en">
Еве го и потегот на Милнер кој измами воздишки од гледалиштето…