Милито: Сакам мојот пријател Пандев да го реши дербито во Џенова, тој го заслужува тоа

by
1 минути читање

Утревечер Џенова во
улога на домаќин ќе ја пречека Сампдорија во градското дерби во рамките на 12. рунда
натпревари од Серија А.

Диего Милито се потсетува на сезоната 2008/09 која му ја променила кариерата, во истата постигна хет-трик на градското дерби во кое Џенова славеше со 3-1, тој вели потребно е трпение во моментов.

Таа сезона ми ја
промени кариерата, се
што
направив, направив за фановите на Џенова кои постојано ми даваа поддршка,
мислам дека клубот во моментов не заслужува да биде со таков учинок во Италија,
потребно е малку трпение, верувам дека ќе дојдат до три бода на дербито
“ вели
Милито.

Аргентинецот очекува победа
на Џенова и ништо друго, но истата да биде зачинета со гол на Горан Пандев,
неговиот поранешен соиграч од Интер со кого освоија се
што можеше да се освои.

Само победа очекувам,
ништо друго, се надевам дека мојот пријател Горан Пандев ќе биде стрелецот
на гол за победа на Џенова, премногу го почитувам, тој го заслужува тоа
“ додаде
Милито.

Извесно е дека на тимот
на Пандев му претстои тешка битка за опстанок во елитното друштво на Италија
сезонава откако по 11 одиграни меча има освоено само шест бода и се наоѓа во
зоната за испаѓање на табелата.

Нашиот 34 годишен
репрезентативец одигра седум меча сезонава во Серија А, но се уште не успеа да
погоди.

 

Извор: gianlucadimarzio.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×