Милитао даде голчиште во победата на Реал над Еспањол! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид го одржа перфектниот старт во новата сезона на Ла Лига и во 5. коло на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Еспањол со 2-0.

Домашните навивачи уживаа во вистински спектакл. Најубавиот момент на средбата се случи уште во 22. минута кога Едер Милитао со маестрален удар од речиси 40 метри постигна еден од најубавите голови во последните сезони. Голманот Дмитровиќ немаше никаква шанса, а Реал стекна водство кое го одржа до паузата.

Веднаш по стартот на второто полувреме на сцена стапи Килиан Мбапе, кој во 47. минута со прецизен шут ја потврди својата форма и го постави конечниот резултат 2-0. До крајот избраниците на Алонсо сигурно го контролираа ритамот и не му дозволија на Еспањол да се врати во игра.

Со овој триумф Реал останува единствениот тим со максимални 15 бодови и цврсто е на врвот на табелата. Во следното коло ќе гостува кај Леванте, додека Еспањол по првиот пораз сезонава останува на 10 бодови и ја дели третата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×