Џејдон Санчо
важеше за еден од најталентираните играчи во академијата на Манчестер Сити, но
поради големата конкуренција на Етихад, реши да се пресели во Борусија Дортмунд
во потрага на поголема минутажа.
Потегот се покажа
како исправен, Англичанецот блеска во дресот на „милионерите“ и го привлече
вниманието на гигантите ширум Европа. Барса, Реал, Јуве, ПСЖ, Манчестер
јунајтед, Манчестер Сити, Челси и Ливерпул внимателно ја следат неговата
ситуација.
Според пишувањата
на Тајмс играчот преферира враќање во Премиерлигата и тоа веќе летоска. Весникот
додава дека раководствоот на Борусија Дортмунд се помирило со ова, нема да му
стои на патот, ќе се обидат да извлечат што е можно повеќе пари од продажбата и
ќе бараат преку 100 милиони фунти.
Што се однесува
до следната дестинација на Џејдон Санчот, Тајмс вели дека играчот сака да
разговара со Манчестер јунајтед и да добие повеќе детали за интересот на
„ѓаволите“.
Оле Гунар Солшер
го има идентификувано тинејџерот како топ засилување, минатото лето се говореше
дека тој е еден од приоритетите на Норвежанецот но тоа што Манчестер јунајтед
немаше обезбедено настап во Лигата на шампионите преставуваше проблем за
реализирање на зделката.