Милинковиќ Савиќ не се појави на тренинг, Кежман има неуверливо објаснување

by
1 минути читање

Беше предвидено Сергеј Милинковиќ Савиќ од денеска да се приклучи на подготовките на Лацио, малку подоцна од другите поради настапот на Светското првенство во Русија.

Но српскиот фудбалер не се појави во Лацио, се шпекулира дека сака да си замине од клубот, интерес за него има од клубови како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Челси.

Неговиот агент, Матеја Кежман има оправдување за неговото отсуство кое изгледа неуверливо.

„Сергеј го пропушти летот поради ужасна сообраќајка на автопатот во Белград која го блокираше сообраќајот“, вели Кежман.

„Апсолутно нема никакваи проблеми. Тој утре ќе биде во Рим, ќе ги направи медицинските тестови и ќе ги почне подготовките“.

„Мило ми е што има толку внимание за него, но навистина имам одличен однос со клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани