Милинковиќ-Савиќ е желба број еден за Реал Мадрид?

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е желба број еден за Реал Мадрид
во претстојниот летен преоден рок, пишуваат одредени медиуми во Шпанија.

Според Ел
Чирингуито ТВ, Србинот е примарна цел на шпанскиот гигант за во летниот преоден
рок, а 24 годишниот Милинковиќ-Савиќ постојано е дел од разни шпекулации
поврзани со неговата иднина.

Тој има
петгодишен договор и ние не сакаме да го продадеме бидејќи станува збор за
одличен фудбалер, но, во животот не можете никогаш да кажете никогаш
“ изјави во
ноември ланската година, претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.

Интер и Милан
исто така се споменуваа како заинтересирани екипи за Србинот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×