„Наполитанците“
честопати имаат потешкотии да привлечат играчи поради гласот кој го бие градот
и криминалот кој владее во Неапол. Корентин Толисо, кој минатото лето заврши во
Баерн во рекорден трансфер, јавно призна дека се откажал од намерата да се
пресели на Сан Паоло откако ја гледал популарната тв серија „Гомора“.
Од таборот на
Наполи уверуваа дека ситуацијата во градот не е таква, но дека владее криминал
на своја кожа сега осети Аркадиуш Милик.
Полјакот синоќа
бил ограбен кога по мечот против Ливерпул во Лигата на шампионите и победата од
1-0 тргнал да си оди дома. Две лица на мотор му го блокирале патот, му впериле
пиштол и му одзеле луксузен часовник Ролекс кој според некои медиуми се
проценува 7.000 евра, но според други вреди и до 20.000 евра.
Инцидентот се
случил околу 2 часот наутро, напаѓачите носеле кациги и не можел да бидат
препознаени од напаѓачот на Наполи.