Милик не заборава од каде доаѓа, платил 20.000 за операција на коленото на поранешен соиграч!

by
1 минути читање

22 годишниот Конрад Новак во август ги скинал лигаментиет на коленото, но немал финасиски средства да замине на операција.

Тогаш на сцена стапил Аркадиуш Милик, кој е поранешен соиграч на Конрад Новак и има играно покрај него во Розвој Катовице и Горник Забрзе.

Напаѓачот на Наполи искеширал 20.000 евра за Конрад Новак да замине на операција во Рим, а со оваа сума се покриени и трошоците за рехабилитација.

Но целата случка и убавиот гест имаат и мала иронија, самиот Аркадиуш Милик во септември ги скина лигаментите на коленото па и тој замина на операција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани