Милевски во тешка атмосфера ги собра фудбалерите за стартот на мундијалските квалификации

by Стефан
1 минути читање

Денеска во хотелот „Хилтон“ македонските фудбалери се собраа за претстојните два натпревари против Лихтенштајн и Велс во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Атмосферата на денешниот собир поради трагедијата во Кочани е поразлична од претходните кога репрезентативците пристигнуваа со насмевки, денеска како и целата земја и фудбалерите се со мислите со семејствата на настраданите во трагедијата.

Првиот натпревар на Македонија е против Лихтенштајн на гостински терен на 22 март, додека три дена подоцна дома ќе го пречекаме Велс.

Од ФФМ претходно соопштија дека од почит кон настраданите фудбалерите нема да имаат медиумска активност како што беше случај на претходните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани