Милевски: Велс има голем квалитет, сите фудбалери играат во силни првенства

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија утре го игра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во кој противник е репрезентацијата на Велс.

Македонија гостува во Кардиф во натпревар во кој ќе ни одговара и бод за да останеме на втората позиција која за нас ќе значи и подобра позиција во мундијалскиот бараж.

„Moтивација никогаш не недостасува, а кога сте во ситуација да се борите за подобра стартна позиција за плеј офот. Спремни сме, секако ќе уживаме во мечот. Секогаш морате да бидете дисциплинирани и одговорни Да исполните тоа што се бара од вас. Тоа не е гаранција, но без тоа не можеш да се надеваш на успех. Сите што се во овој ростер се ставени во функција на тимот да биде успешен.

Прво им посакам здравје на сите мои играчи. Очекувам да имаме различен меч од тој во Скопје. Двата тима се тие. Квалитетот на Велс е неспорен, играат во супер лиги.. Имаат одличен селектор, како тим исто се одлични, ние мораме да сме спремни за да одговориме на адекватен начин“, изјави Милевски.

Натпрееварот се игра во терминот од 20:45 часот и комплетниот стадион кој е со капацитет од 33.280 седишта во Кардиф е распродаден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×