Mилевски утре го објавува списокот, Македонија ослабена против Белгија и Казахстан

by Стефан
1 минути читање
Благоја Милевски

Македонската фудбалска репрезентација овој месец ќе ги одигра квалификациските натпревари против Белгија и Казахстан, но пред овие средби селекторот Благоја Милевски се соочува со проблеми.

Лирим Ќамили, член на данскиот Сондерјиске, се повреди на мечот со Копенхаген и по направените лекарски прегледи беше потврдено дека нема да може да биде дел од националниот тим.

Освен него, во ростерот ќе недостасува и дефанзивецот на Струга Трим Лум, Бојан Илевски, кој е суспендиран поради жолти картони.

Македонија прво на 10 октомври ќе гостува кај Белгија, а потоа, три дена подоцна, ќе го пречека Казахстан. Милевски конечниот список на повикани фудбалери ќе го објави утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×