Милевски: Тактички и физички мора да бидеме совршени за да го победиме Велс

by riste
1 минути читање

Македонскиот селектор, Благоја Милевски вели дека Велс е фаворит на утрешниот натпревар, но ние ќе се обидеме да ги изненадиме.

Македонија утре со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Велс во рамките од второто коло во квалификациите за СП 2026.

„Велс го анализиравме, не само на вчерашниот натпревар, туку и на сите натпревари откако имаат нов селектор. Мораме да бидеме максимално фокусирани, ако сакаме позитивен резултат. И пред натпреварот со Лихтенштајн кажав дека, емоциите се тука. Целата подготовка за овие натпревари е тешка, па поради тоа ова можеби е најтешкиот натпревар. Но, ако можеме на некој начин да се одолжиме и да дадеме поддршка на настраданите, тоа е со добра игра и победа“, вели селекторот Благоја Милевски.

„Не сме фаворити, Велс ја има таа улога. Велс има фудбалери кои се натпреваруваат во Премиерлигата и Чемпионшип. На нас е да се подготвиме на највисоко ниво и да се обидеме да изненадиме. Кажав и претходно дека утре мораме тактички и физички да бидеме совршени ако сакаме позитивен резултат. Велс можеби е најсериозниот противник од кога сум јас тука. Станува збор за една квалитетна репрезентација и нè чека многу сериозен противник, ќе видиме како Македонија ќе одговори“, смета Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани