Милевски: Резултатот не е реален, бевме многу подобар противник од Исланд

by
1 минути читање

Македонија имаше два гола предност и доминација на теренот, но во самиот финиш од мечот примивме два гола и од готово направивме вересија.

„Бевме подобар противник, покажавме подобар фудбал барем 75 минути. Овој резултат не е реален, но честитки за Исланд, за освоениот бод. Задоволен сум од играта на моите момци, но не и од завршницата на натпреварот. Одигравме одлични 70. минути, но головите ги примивме по наши грешки“, вели Милевски.

„После првиот примен гол, психолошкиот момент беше пресуден. Што точно се случи, ние ќе направиме анализа внатре во тимот, незаслужено загубивме два гола, но тоа е тоа“.

„Нашата група е составена од подеднакво квалитетни репрезентации, ништо не е загубено, барем за тоа второ место. За мечот со Романија ќе биде клучно психолошки да ги вратиме фудбалерите. Многу е тешко кога нема да победите меч во кој сте одиграле перфектни 75. минути“.

„Никако не можам да бидам задоволен од резултат, но сум здоволен од периодот во кој доминиравме. Мислам дека Македонија никогаш не одиграла вака доминантен меч, но не можете да ги предвидите индивидуалните грешки“.

„Барди го заменив поради замор, и не мислам дека тоа е клучен фактор за поразот. Трајковски имаше статива, можеби не беше на највисоко ниво, но не мислам дека замената е клучен момент“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×