Милевски: Размислуваме само на Лихтенштајн, Германија ќе биде меч за уживање

by
2 минути читање

Македонија е пред нови предизвици во квалификациите за СП 2022, на 8. октомври му гостуваме на Лихтенштајн, а на 11. ја пречекуваме Германија во Скопје.

„Лихтенштајн можеби ќе биде најтешкиот натпревар за нас во квалификациите. Тие со својата форма покажаа дека не е тој Лихтенштајн од порано, се работи за добро организиран тим со тактичка дисциплина на максимум. Тоа го поажаа и потив Германија од која загубија на крајот од натпреварот,  а со Ерменија одиграа 1-1 на гости и тоа покажува дека имаме работа со сериозен тим“, вели Милевски.

„Сега сме максимално фокусирани на Лихтенштај, тој ни е многу важен натпревар, секој следен е најважен. А потоа ќе размилуваме за Германија, која е составена од врвнии играчи, тоа ќе биде меч за уживање“.

„Против Лихтенштајн сме фаворити, но мораме тоа да го покажеме на теренот, да направиме се на тој натпревар за да дојдеме до победа“.

Барди веќе некое време е во аут, не настапува за Леванте поради повреда, но се најде на списокот и можно е да се опорави на време.

„Имаме проблеми со повеќе играчи поради повреди, не е само Барди, туку и Висар Муслиу, ќе зависи од лекарскиот тим на нивните клубови, тие сакаат да дојдат, но дефинитивно ќе знаеме по мислелњето на нивните доктори. Со Адеми исто имаше проблеми, но сега е во најдобар ред и очекувам и тој да дојде на собирот. Чурлнов има скршеница на вилицата, тој со маска ќе се стави на располагање на репрезентацијата. Поконкретна слика ќе имаме сабота – недела“.

„Очекувам играчите да бидат во далеку подобра форма и физича и психичка. Сега скоро сите се во тренажен и натпреварувачки процес. Ќе видиме како тоа ќе се одрази на теренот. Во септември некои првенства не беа ни почнати, некои играчи немаа ни клубови, сега е поинаку“.

Македонија на септемвриските натпревари не успеа да дојде до победа, одиграме нерешено на сите три средби, концентрацијата и реализацијата беа главни проблеми.

„Голем удел има концетрацијата што ни фалеше и на претходните дуели. Немаме многу време за работа, секој кој настапува за Македонија мора да биде максималлно фокусиран и концентриран, немам замерки за фудбалерите за она што го направија на натпреварите освен тој момент на реализација кој е поврзан со концентрацијата и треба да работиме на тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×