Милевски пред мечот со Лихтенштајн: Додека сум јас селектор, никогаш нема да потцениме противник!

by riste
1 минути читање

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски рече дека Македонија ќе влезе максимално сериозно на утрешниот натпревар против селекцијата на Лихтенштајн.

Утре со почеток од 18 часот, Македонија го пречекува Лихтенштајн во квалификациски натпревар за Светското првенство.

„Фудбалерите се подготвени и здрави и се надевам дека така ќе биде и по денешниот тренинг. Македонија е фаворит, но имаме максимална почит кон Лихтенштајн. Во денешниот фудбал нема фаворити на терен, туку само на хартија. Ќе го дадеме максимумот за да ги освоиме трите бода кои во моментов се најважни за нас. Додека јас сум селектор на оваа репрезентација, никогаш нема да потценам противник, а најмалку Лихтенштајн кој има свои амбиции и стил. Максимално сериозно се подготвуваме за овој натпревар“, вели Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×