Mилевски по ждребката: Во ваква група може да се надеваме на добар пласман!

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година ќе игра во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн и тоа е група во која може да се надеваме на успех.

Така смета и селекторот Благоја Милевски кои по ждребката ги изнесе своите очекувања.

„Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман.  Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.

Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин.  Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата. 

За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување”, изјави Милевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани