Милевски: Овој Исланд игра поинаку, мораме да бидеме на нашето највисоко ниво

by
1 минути читање

Пред Македонија утре е нов предизвик во квалификациите за Светското првенство, „црвено-жолтите“ гостуваат во Рејкјавик против Исланд. 

„Не очекува исклучително тежок и неизвесен натпревар, Исланд е квалитетна екипа. Го анализиравме нивниот дуел со Романија и можам дека кажам дека не заслужија пораз“ – рече Благоја Милевски на денешната прес конференција. 

„Исланд е селекција која сака да игра фудбал, не е истата селекција како во минатото, туку е репрезентација која сака посед на топка, а и нивниот селектор има друга фудбалска филозофија. Но многу работи ќе зависат и од нас и нашиот пристап“. 

„Ќе треба да бидеме на нашето највисоко ниво доколку сакаме позитивен резултат“. 

Благоја Милевски дебитираше на кормилото на сениорите со реми без голови против Ерменија, но вели дека не чувствува притисок и дека репрезентацијата е во фаза на трансформација. 

„Овој тим е во фаза на трансформација, освежен со фудбалери кои имаа помал стаж во селекцијата, а кој со игрите за клубовите и У21 заслужија да се тука. Не чувствувам никаков притисок од јавноста. Се работи за големи професионалци и на скоеј натпревар играат за победа“. 

„Имавме огромна желба за победа над Ерменија, жалиме за пропуштените два бода“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×