Mилевски од денеска веќе не е селектор на Македонија!

by Стефан
1 минути читање

Oд денеска Благоја Милевски и официјално веќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација бидејќи неговиот договор истече.

Засега од Фудбалската федерација нема информации за тоа дали соработката ќе биде продолжена, меѓутоа според шпекулациите во македонската јавност Македонија во баражот ќе има нов селектор, како фаворит се споменува Гоце Седлоски кој сега го води Вардар.

Милевски досега ја предводеше Македонија на вкупно 48 натпревари во кои остави 18 победи, 14 нерешени натпревари и забележа 16 порази.

Исто така се иизбори за два мундијалски баражи, а во претходниот игравме финале против Португалија откако претходно ја елиминиравме Италија.

Но, исто така како најголеми дамки ќе останат „седмиците“ од Англија (7-0) и неодамна од Велс во квалификациите (7-1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×