Mилевски: Нема да се штедиме против Летонија!

by Стефан
2 минути читање

Maкедонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот со Летонија, а селекторот Благоја Милевски денеска ја одржа редовната прес-конференција.

Милевски посочи пред овој дуел дека има и проблеми со повреди, па така Атанасов и Муслиу сигурно нема да бидат во комбинациј аза настап.

Се уште не знам дали денеска ќе тренираат сите, ќе имаме појасна слика после тренингот. Сигурно е дека Атанасов и Муслиу нема да конкурираат за утрешниот меч, се надевам дека сите останати ќе бидат подготвени“.

Иако станува збор за натпревар од пријателски карактер, сепак сите ќе го дадат максимумот бидејќи има доволно време за одмор до дуелот со Велс.

„Против Летонија нема да се штедиме бидејќи имаме пет дена одмор до мечот со Велс. Кога игра Македонија нема простор за штедење и калкулација, сите кои ќе играат ќе го дадат максимумот и ќе се обидеме да извлечеме колку што е можно повеќе и на физички и на тактички план. Има работи кои сакам да ги видам утре, пример како стоиме на физички план, сакам да видам на кое ниво сме, резултатот ќе биде важен, секако.

Победа секогаш носи поголема самодоверба за следниот натпревар, но секогаш ја гледаме пошироката слика и тоа како Македонија треба да изгледа не само против Летонија туку и во наредниот период. Колку и да личи како излитена фраза, секој следен натпревар е најважен. Додека сум јас секогаш акцентот ќе биде на тимот, секогаш имаме варијации, дали во напад или во одбрана, но секогаш мора да бидеме конкурентни на високо ниво. Не смееме некаде да сме послаби, а некаде подобри, сите позиции треба да бидат со висок квалитет. Ме радува што сме константни, што немаме осцилации веќе подолг период и тоа е правецот кон кој треба да се движи Македонија“, изјави Милевски.

Натпреварот со Летонија е закажан за во терминот од 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×