Милевски: Не сум задоволен од тактичката дисциплина и физичката неподготвеност на дел од играчите

by bojan
1 минути читање
Милевски

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски вели дека не е задоволен од тактичката дисциплина и физичката неподготвеност на дел од играчите по поразот од Хрватска.

Македонија загуби со 0-3 на гостувањето кај Хрватска во првиот од двата контролни натпревари овој месец.

По крајот на пресметката во Ријека, селекторот Благоја Милевски ги посочи проблемите и изрази надеж дека оние кои немаат минутажа во своите клубови, ќе почнат да играат.

„Хрватска покажа дека е подобра во овој момент и честитки за нивната победа. Имавме неколку одлични моменти во првото полувреме, за жал, ако не реализираш со ваква екипи, следи казна“ – вели Благоја Милевски.

„Но одиме понатаму, имаме време до септември да ги отстраниме аномалиите. И се надевам дека играчите ќе ги решат проблемите во клубовите и со поголема минутажа ќе бидат поконкурентни и во репрезентацијата“.

Тој потоа додаде: „Не сум задоволен од тактичката дисциплина која ја прикажавме на моменти денеска, како и од физичката неподготвеност на дел од нашите играчи. Но сето ова е резултат на проблемите кои ги носат од своите клубови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани