Селекторот на Македонија, Благоја Милевски не го криеше задоволството по убедливиот трумф над Лихтенштајн.
Македонија славеше победа од 5-0, а според Милевски најважен ќе биде натпреваот со Белгија во следното коло.
„Сакам да честитам на противникот за сè што се обиде да направи денеска. Ние не изгледавме така како што изгледавме случајно, влеговме во натпреварот со максимален респект, доминиравме во сите сегменети и оставивме многу малку простор на ривалот. Против Белгија за нас ќе биде најважнот натпревар, но без оглед кој е противникот, ние исто се подготвуваме. Целта е да останеме на првото место. Ме радува како ги постигнувавме головите и начинот на кој фубалерите се однесуваа. Резултатите ме прават горд, но на крај на денот никој не може да ни го земе правото да сонуваме пласман на Светското првенство. На крај сакам и на сите граѓани на Македонија да го честитам празникот 8 септемри“, истакна Милевски.
Против Белгија, Македонија ќе се соочи на 10 октовмри, три дена подоцна ќе играме со Казахстан.