485
Селекторот на
младата фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Благоја Милевски е задоволен од изданието
на неговите избраници на стартот од квалификациите за ЕУРО 2019 Италија, каде
Македонија славеше на гостувањето кај Ерменија со 0-3, а сите погодоци ги
постигна капитенот Тихомир Костадинов.
„Мора да
кажам дека одигравме навистина одличен натпревар, а момците покажаа дека имаат
квалитет и потенцијал да бидат максимално конкурентни и во овој квалификациски
циклус. Може само да им честитам на начинот на кој одиграа во Ереван, и да
кажам само едно големо БРАВО“ рече
Милевски.
Следен предизвик
за нашите млади надежи е дуелот против Србија на домашен терен, на 6 октомври.
Извор/Фото:
ffm.mk