Од 17. јуни македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе го започне историскиот настап на Европското првенство во Полска.
„Чувството да се биде на Европското првенство е посебно, во Полска одиме да уживаме, да се надигруваме со најдобрите на континентот, но и да бидеме на нивото на кое бевме во квалификациите па и подобро“ – вели селекторот Милевски.
„Се подготвивме добро, момците се спремни и физички и психолошки за предизвикот. Ќе ја играме нашата игра, но и дел од нашите фудбалери ќе добиваат посебни задолженија во однос на противникот“.
„Не се плашиме од никој, не знам дали некој ќе не потцени, но ние можеме против сите, најдобро тоа го знае Франција која сега од малите екрани ќе не гледа како играме на Европското првенство“.