150
Македонија освои само три бода од дуелите со Ерменија, Исланд и Романија, но селекторот Благоја Милевски е презадоволен од играта.
„Без разлика на се, Македонија како што одигра на овие три меча, нема одиграно во историјата. Без разлка на се што се зборува за реалиизацјата, немам ниту една замрка за анту еден фудбалер. Тие не само што го дадоа максимумот туку и играа фудбал кој е задоволство да се гледа, барем од моја гледна точка. Што се однесува до реализацијата, имавме безброј шанси каде недостасуваше тој дел од секундата. Но, морам да кажам дека срамота е вакви натпревари да се играат на ваков терен“, изјави Благоја Милевски.