Милевски: Ќе дадеме се од себе, гордост е да се носи дресот на Македонија

by
1 минути читање

Македонија утре против Шпанија со почеток од 20:45 часот го игра првиот натпревар на Европското првенство во Полска. Денеска селекторот ја имаше и првата официјална прес конференција.

„Дојдовме на Европското првенство во Полска и ќе уживаме во моментот. Македонија е една од најдобрите 12 во Европа и ќе се обидеме да бидеме на исто ниво од квалификациските натпревари“ – изјави селекторот Благоја Милевски на прес конференцијата.

„Очекувам да играме со мотивација, одговорност и дисциплина, нашата примарна цел е да се претставиме на вистински начин. Оваа група на фудбалери е многу талентирана и полна со потенцијал, среќен сум за нив. Нашата цел е да го дадеме најдоброто и дресот секогаш да го носиме со гордост“.

„Се подготвивме добро и сигурен сум дека секој ќе си ја заврши својата задача. Треба да ја презентираме Македонија во најдобро светло како што го направивме тоа во квалификациите. Бевме во петтиот шешир кога започнаа квалификациите но на крајот завршивме на првото место пред Фрнација, Украина и Исланд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани