Младата македонска фудбалска репрезентација стартуваше со висок и убедлив пораз од Шпанија со 5-0 во првото коло од групата „Б“ на Европското првенство во Полска
за фудбалери до 21 годишна возраст, резултатот по првите 45 минути игра во Гдањск
гласеше 3-0 за победничкиот табор.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по мечот не го криеше задоволството од тоа како неговите фудбалери парираа на фаворизираниот противник кој има аспирации за трофеј во Полска.
„Не сум сигурен
дека треба да прифатам честитки по еден ваков резултат, но имаше моменти каде
бевме еднакви со Шпанија во однос на играта, имавме речиси идентичен процент на
посед на топката, имавме организирани напади, имавме корнери, удари кон
противничкиот гол, игравме речиси на идентично ниво…“ изјави Милевски по мечот со Шпанија.
„Ветив уште од
преземањето на оваа функција дека ќе атакуваме на победа против било кој
противник, горд сум на моите фудбалери кои речиси ја решија Шпанија за 60
минути, но потоа паднавме…“ додаде тој.
„Нема да биде
лесно за да се вратиме на мечот против Србија, по еден ваков пораз… Но, ќе
повторам дека париравме цели 60 минути кога станува збор за играта против една
таква селекција како Шпанија. Јас сум оптимист, се надевам дека ќе играме многу
подобро против Србија. Не се согласувам со тоа дека немаме шанси за прогрес“
заврши Милевски.
Избраниците на
Благоја Милевски веќе се со мислите кон соодветната селекција на Србија, против
која ќе ги одмерат силите во вторник во терминот од 18 часот.
Нашиот следен противник во првиот меч денес на програмата загуби од Португалија со 2-0.
Фото-вест:
ffm.mk (Архива)