Милевски: Го заборавивме мечот со Исланд, концентрацијата и мотивите се насочени кон Романија

by
1 минути читање

Македонските фудбалери во Рејкјавик направија од готово – вересија, па прашање е како и дали играчите се опоравија од тој психолошки пад. Селекторот вели дека Исланд веќе е заборавен и фокусот комплетно е кон Романија.

„Заборавен е тој меч со Исланд, сите мотиви и сета концентрација е насочена утре кон мечот. Имаме фудбалери кои не се во ритам и тешко е да се издржи ваково темпо на терен, ама сигурен сум дека сите што ќе истрчаат ќе дадам максимум за да го минимизираат тој момент на недостаток на мечеви во нозете, но за мене најважно е што сме спремни и што сите сме здрави и се надевам дека и вечерва по тренингот така ќе останеме. Така да сите конкурираат за тимот“, вели Милевски.

„Секој меч има посебно значење и не е ова никакво ‘финале’. Има уште многу да се игра, иако може да отидат во друг правец овие квалификации. Но, утрешниот меч си има свое значење, но и останатите четири меча исто така. Затоа не мислам дека овој меч е одлучувачки, зашто оваа група е составена од изедначени селекции и ништо нема да биде решено до последен меч. Јас само се надевам дека ќе останеме конкурентни до крај“.

„Оваа селекција сега е во друга ситуација, на старт на друг проект за тоа како ќе изгледаме во иднина, па во однос на тој прв меч кој го загубивме со 2-3, нема да биде сега истиот. Нѐ чека многу поинаков меч од тој, а ова е и наш прв собир како селекција. Романија е одлична селекција, квалитетна и како тим и индивидуално со поедници и за нив е плус тоа што доаѓаат во добар моментум после две победи. Но, ние не се плашиме и сконцентрирани сме само на тоа како ние ќе изгледаме на терен, како ние ќе играме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×