Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги одреди стартерите за вечерашниот важен меч против Белгија од квалификациите за Светското првенство.
Без разлика на шематскиот приказ, Муслиу, Стојчевски и Зајков ќе бидат тројцата централни дефанзивци, а Алиоски и Ашковски ќе делуваа како бекови од страничните позиции.
Атанасов и Костадинов ќе бидат пред дефанзивата, а следува Барди, а офанзивно ќе бидат Елмас и најистурениот Миовски. На голот традиционално го имаме Димитриевски.

Белгија без Лукаку ќе игра со лажна деветка, па така Тросар е во формацијата како најистурен напаѓач, крилно се Доку и Салемакерс.
Во средниот ред им се Де Брујне, Раскин и Ванакен, а во одбраната Де Кујпер, Теате, Дебаст и Кастањ. На голот е Тибо Куртоа.