Милевски ги собра фудбалерите, во мислите главна е „мисија Кардиф“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот Благоја Милевски ја свика репрезентацијата на Македонија, фудбалерите се собраа и ќе одржат мини-подоготвки пред клучниот натпревар во квалификацискиот циклус за Светското првенство.

Фудбалерите денеска се собраа во Скопје каде што ќе ги започнат подготовките за последните предизвици во циклусот. Милевски реши да им верува на проверените сили кои и досега му носеа резултати, но ќе мора да се соочи со голем проблем, повредата на Езгјан Алиоски, кој ќе го пропушти собирот.

Нашата репрезентација ќе одигра и контролен натпревар против Летонија на 13 ноември, кој ќе послужи како генерална проба пред судирот со Велс. Очекувањата се големи, атмосферата во тимот е позитивна, а Македонија повторно има шанса да покаже дека припаѓа во друштвото на најдобрите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×