Македонија утре од 20:45 ја пречекува Ерменија во квалификациски натпревар за СП. Почнуваме една нова ера, со нов селектор, кој има свои замисли за тоа како треба да функционира репрезентацијата.
„Не треба да трошам зборови за тоа што би се сменило во репрезентацијата. Им благодарам на тие што беа дел од оваа селекција како Пандев, Тричковски, Велковски. Одиме понатаму, потребно беше освежување во тимот, а тоа носи и одредени промени. Досега играта повеќе се знасноваше на индивидуалните квалитети на одредени играчи, а сега ќе треба да функционираме како тим, нашата интенција ќе биде да имаме тимска игра. Немавме многу време на сите играчи да им пренесеме што бараме од нив, но сите тие се професионалци, квалитетни, момци со добар карактер и со текот на времето ќе се адаптираат на новите замисли“, вели селекторот Милевски.
„Не можеме уште сега да бараме некоја форма кај фудбалерите, старт е на сезоната. Но како за нас така и за останатите. Одреден број на репрезентативци немаат минутажа на своите клубови, некои немаа вистнски натпревари. Направивме некои освежувања иако грото од репрезентативците се тие што ги почнаа квалификациите. Не сакакв да правам драстични промени“.
„Ерменија е доста квалитетна репрезентација, функционираат како тим, се гледа одличната работа на новиот селектор таму, имаат тимски квалитет но и поединечен. Добија три од три квалификациски меча и одигра два одлични контролни натпревари. Тоа ни дава дознаење дека ќе имаме работа со сериозна селекција, но и ние се цениме себеси, ние сме квалитетна репрезентација и утре ќе одиме на победа“.