Селекторот на младата репрезентација на Македонија за играчи
до 21. годишна возраст додаде седуммина од генерацијата 1996/97 кои им се
приклучија на сигурните 17. фудбалери кои веќе беа на првиот список за
Европското првенство во Полска.
Станува збор за Ељиф Елмас (Работнички), Давор Здравковски
(Македонија Ѓ.П.), Тихомир Костадинов (Злате Моравце, Словачка), Јован
Попзлатанов (Пелистер), Петар Петковски (Вардар), Филип Илиќ (Гандзасар,
Ерменија) и Алекса Амановиќ (Јавор, Србија).
„Поголемиот дел од фудбалерите веќе беа со нас и апсолутно
го заслужија повикот за ЕП во Полска. Давор Здравковски е профил на играч кој
ни е потребен иако заедно со Елмас се најмладите“ изјави Благоја
Милевски.
Нашите надежи турнирот во Полска го стартуваат на 17. месецов
и тоа во дуелот против Шпанија. Освен овој ривал, останатите наши противници во
групата се Португалија и Србија.
Извор/Фото: ffm.mk