Милевски: Добивме група за ново надигрување

by
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2019 кое ќе се одржи во Италија и Сан Марино.

Македонија ќе игра во групата 7 заедно со селекциите на Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар. Првиот во групата обезбедува директен пласман на Европското првенство, а вториот можеби ќе игра бараж меч.

„На прв впечаток групата не изгледа атрактивно, но противниците се силни и квалитетни. Србија која е наш ривал и на ЕП во Полска, Австрија која играше бараж со Шпанија за влез на шампионатот во Полска и Русија која е навистина квалитетна. Но, во секој случај добивме група за ново надигрување со силните европски репрезентации. И претходно кажав дека наша цел ќе биде потврда на квалитетот на игрите од претходниот циклус и конкурентност на теренот со секој противник, без разлика кој е од спротивната страна. Ние за квалификацискиот циклус за ЕП 2019 градиме комплетно нова репрезентација со која повторно ќе одиме чекор по чекор, како и низ претходните квалификации“ , изјави Благоја Милевски.

Македонија во минатите квалификации го освои првото место и се пласира на Европското првенство во Полска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани