Милевски: Во Велс одиме уште еднаш да докажеме дека не случајно се бориме за Мундијал!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Летонија и Велс на кој немаше големи изненадувања (ТУКА).

Kaко што истакна селекторот, дуелот со Летонија ќе биде една добра подготовка пред клучната битка со Велс.

„Фудбалерите на списокот се истите од претходно, плус Димоски, Трапановски и Ќамили кои не беа со нас во октомври. Се надевам сите ќе останат здрави до понеделник да се јават на повикот. Сите сме подготвени за тоа што не очекува, контролниот меч со Летонија и последниот натпревар во квалифиакцитие против Велс. Ќе имаме добри мини-подготовки за овој предизвик кој ни претстои. Мечот со Летонија ќе ни послужи со сигурност, иако ако можам да бирам не би го одбрал. Сепак, наша обврска е да играме десет натпревари во годината и поради тоа го почитуваме тоа. Ќе ни послужи како подготовка, ќе дадеме минутажа на некои фудбалери кои не играат во репрезентацијата, ќе пробаме некои замисли. Се работи за ранкинг бодови кои ќе ни послужат за ждрепката за следниот квалификациски циклус. “

Не само против Велс, ние одиме на секој натпревар по добар резултат, да играме фудбал. Сакаме да докажеме пак дека не сме случајно конкурентни и не сме случајно вторпат по ред во бараж за еден Мундијал. Одиме во Кардиф да уживаме во фудбалот и пак да се докажуваме. Нема калкулации кај нас, нема да одиме да играме на бод и подготовката секогаш ќе биде на победа“, порача Милевскии.

Натпреварот со Летонија кој е од пријателски карактер е закажан за на 13 ноември во Скопје, додека пет дена подоцна ќе играме против Велс во Кардиф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×