204
Toмас Милер во целата своја кариера испишуваше историја во Баерн Минхен, а вчера ја освои и првата титула со екипата на Ванкувер Вајткапс кои го совладаа Ванкувеер со 4-2.
Во овој натпревар Милер беше стрелец на гол од пенал, а титулата му беше 35. во неговата кариера и со тоа стана најтрофејниот Германец, со еден помалку зад него остана Тони Крос.
„Не играм само да освојувам трофеи, сакам да бидам и на терренот. Не би кажал дека сум најуспешниот германски фудбалер во историјата, туку човек кој има најмногу трофеи“, изјави Милер.
Голот кој го постигна Милер од пенал беше негов 300. во кариерата.
Фото: Vancouver Whitecaps FC